Middle-earth: Shadow of War доаѓа во август!

По само еден ден од ненадејното откривање на играта, WB Games официјално ја обелодени најавата за работа на продолжеток на мега-популарниот и крајно уникатниот хит од 2014 година – Middle-еarth: Shadow of Mordor.

Светот на луѓето, како што видовме од трејлерот, можеби завршува, но не и нашето навлегување во една од најимерзивните игри. Shadow of War фрла сенка врз нашето слободно време на 25 август и нѐ води во „побогат, по личен и проширен свет“, во приказна која и понатаму се одвива некаде помеѓу Толкиновите дела The Hobbit и трилогијата The Lord of The Rings. Во продолжетокот кој, излегува за Steam и Windows Store (како Play Anywhere), играчите ја имаат уникатната можност да запознаат нови ликови, да истражуваат нови локации и да усмртуваат нови, значително попредизвикувачки непријатели.

Авторите ветуваат гемплеј приказ на 8 март, а она што би можеле да видиме се нови игриви механики, проширен Nemesis систем, но и сосема нов Nemesis Fortress. Nemesis Fortress им дозволува на играчите да имплементираат различни стратегии за да заробат динамични тврдини и да создадат персонализирани светови со нивната уникатна армија од Орци.

Никој вистински не очекуваше Middle-earth: ShadowofMordor да стане хит. Nemesis системот, меѓутоа, поткрепен од флуидните а ла Batman: Arkham Asylum битки, ги импресионираа сите до таа мерка што веќе подолго време се надевавме дека ќе излезе продолжеток или барем некоја друга игра која ќе се осмели да ги позајми робусните елементи. Веста за Shadow of War се чини потполно изненадувачка и воведува нова свежина која дефинитивно ќе ја расположи легијата од LOTR фанови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments