Microsoft, Yahoo и ΑΟL заедно против Google и Facebook.

во Веб

Microsoft, Yahoo, и AOL најавија партнерство за онлајн рекламирање со кое ќе им се спротистават на конкурентите Facebook и Google. Ова партнерство ќе функционира на тој начин што компаниите ќе можат да си ги продаваат празните рекламни простори. Со спојување на силите овие три компании се надеваат дека ќе заштедат пари и ќе го зголемат приходот од реклами.

Целта на ова партнерство е да се зголеми продажбата на реклами кај сите три компании, правејќи го процесот за продавање на реклами поедноставен за маркетарите. Ова партнерство треба да започне на почеток од наредната година, откако компаниите ќе ги интегрираат своите бидинг технологии: Yahoo Network Plus, AOL Advertising и Microsoft Media Network.

Компаниите исто така имаат изјавено дека и покрај партнерството, нивните маркетинг тимови ќе бидат оделени и конкурентни, борејќи се меѓусебе за пазарот на онлајн маркетинг. Причина за продолжување на конкурентноста е можноста нивното партнерство да биде испитувано од страна на американската комисија за анти-конкурентност.

Google и Facebook моментално се водечки компании на пазарот за онлајн маркетинг. Според истражувачката компанија eMarketer, онлајн маркетингот на Google во 2011 ќе порасне за 16,3 отсто, додека на Facebook ќе порасне за 9,3 отсто, и тоа само во САД.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments