{mosimage}Microsoft во соопштение објавено вчера изјави дека планира во вторникот, 8 Април, да објави 8 нови закрпи за својот софтвер. Според системот за рангирање на компанијата, 5 од нив се "критични" додека 3 се рангирани како "важни". Закрпите се однесуваат на Microsoft Office апликациите, Windows и Internet Explorer.
Дупките кои досега овозможуваа извршување на злонамерни кодови од страна на напаѓачите преку специјално создадени фајлови и разни други грешки со овие надополнувања ќе бидат затворени.
Компанијата на 9 Април во 11 часот наутро (PDT временска зона) ќе одржи веб конференција во живо на која ќе можат корисниците да добијат повеќе информации во врска со овие закрпи. За да се регистрирате на оваа веб конференција, кликнете тука.
Сигурносните закрпи ќе бидат превземени автоматски преку оперативниот систем доколку таа опција ви е активирана, доколку не, со посета на веб сајтот на Microsoft ќе можете да ги превземете.
За повеќе информации во врска со овие закрпи, посетете ја веб страната на Microsoft.






