0 коментари 2 мин. читање 10 октомври, 2017

Microsoft се збогува со Windows 10 Mobile

Microsoft престанува со развој на функционалности и хардвер за Windows 10 Mobile платформата. Веста доаѓа од Џо Белфиоре, кој е задолжен за развој на Windows 10. Компанијата подолг период се мачи со телефоните, а се чини дека веќе и официјално е подготвена да крене раце од нивниот развој.

Кога овие уреди се во прашање Microsoft ќе продолжи да работи на отстранување на баговите и безбедносните пропусти. Она што е новитет е дека компанијата барем засега и официјално се откажува од нови уреди.

Microsoft се обидуваше да освои поголем дел од пазарот со нов оперативен систем. За жал, последниве неколку години покажуваат дека на пазарот нема простор за нов оперативен систем, покрај Android и iOS. Microsoft дури ја купи и Nokia за развој на своите телефони, но плановите за ова „спојување“ не се остварија.

Веста дојде откако Microsoft издаде Edge верзија за прелистувачот за iOS, а најави дека истото ќе го направи и за Android. Ова најверојатно не е изненадување. По доаѓањето на Сатја Надела на директорското место, компанијата се посвети на развој на софтвер и услуги. Во последните години најголем дел од апликациите на Microsoft се наменети за сите платформи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}