Дел од купувачите на новиот iPhone 8 имаат непријатно изненадување. Кога го ставаат телефонот на полнење батеријата се шири доволно за да се деформира телефонот.
Засега не е сосем јасно дали станува збор за инциденти или за систематска грешка, пишува BBC. Сепак во сите случаи по деформирањето скапиот телефон е неупотреблив. Досега се пријавени проблеми во Јапонија, Кина, Канада, Грција и Хонг Конг.
Apple знае за проблемите и проверува што се случува.
До пред една недела беа пријавени 6 уреди кои се деформирале на полнење. Бројката не е официјална туку единствено станува збор за број на уреди кои се пронајдени од медиумите. Можно е да станува единствено проблем за помала серија на батерии која, па ќе биде лесна за замена. Доколку е поголем проблем може да има и посериозни проблеми.
По проблемите кои ги имаше телефонот на Samsung, Note 7, проблемите со батеријата не се едноставни за надминување. Тогаш Samsung мораше да ги повлече сите телефони и да ги замени за други модели. За среќа проблемот со iPhone 8, барем засега не е опасен за корисниците.







