Microsoft работи на конкурент на Slack, а сервисот ќе доаѓа под брендот Skype. Компанијата го создаде Skype Teams кој ќе има речиси идентична функционaлност со популарниот Slack.
Skype Teams е наменет за компании и ќе овозможува разговор помеѓу различи групи во компанијата. Корисниците ќе можат да изберат и да зборуваат и да споделуваат податоци со тимовите, но и да испраќаат директна порака до некој корисник.
Skype Teams ќе се обиде да додаде и функционалности кои ги нема во Slack. Една ваква функционалност е коментар на порака. Slack нема можност за ова, и тоа е голем недостаток. Во Skype Teams корисниците ќе можат да селектираат порака и да одговорат на неа, слично како коментарите на Facebook, вели MS PowerUser.
Skype Teams ќе овозможува и видео конференциски разговори или разговор со поединци. Заедно со ова апликацијата ќе овозможува закажување на онлајн средби, функционалност која ќе биде корисна за големи тимови.
Microsoft се надева дека на сервисот ќе успее да ги донесе корисниците на Office 365 и OneDrive. Skype Teams доаѓа со интеграција со овие сервиси, па споделувањето на фајлови е поедноставно. Дополнително ќе има чет ботови кои ќе можат да се креираат со платформата на Microsoft, BotFramework.
Skype Teams веќе е во тест фаза и се тестира интерно во Microsoft. Кога ќе биде достапен освен десктоп апликација, ќе дојде и на Android, iOS и Windows Phone. Засега нема официјална најава за достaпноста, но според MSPoweruser, сервисот најпрво ќе им биде достапен на претплатниците на Office 365.
[…] комуникација на проекти. Веста за Teams се појави на почетокот на септември, но оттогаш го изгубија „Skype“ од […]