Нови Surface хибриди, нови Lumia телефони, кул чудесии во проширената и виртуелната реалност и супер изненадување лаптоп од Microsoft… Ова се само дел од презентациите на Microsoft:
Новиот Surface Pro 4 е 30 отсто побрз од претходната верзија, а што е уште поважно доаѓа во период кога Apple и Google, со свои хибридни – повеќе таблет отколку лаптоп уреди, го потврдија концептот на Microsoft. Малку потенок во однос на претходникот, Surface сега 8,4 mm, а таблетот доаѓа со 12,3 инчен дисплеј со 267ppi. Слободниот простор е: од 16GB во основната верзија, до 1TB во скапите модели. Сепак можеби најважната промена е електронскиот молив кој доаѓа со Surface 4, со батерија која трае цела година, што е доволно поимпресивен од истиот уред на Apple. Но како специјален додаток, моливот од Microsoft доаѓа со електронска гума, која е замена за вистинската.
Сепак најголема промена на таблет компјутерот е оперативниот систем. Surface 4 доаѓа со Windows 10 и можност на него да работат дектоп верзиите на апликациите. За разлика од Windows 8.1, корисникот нема самиот да мора да одбира таблет или дектоп мод, туку кога ќе работи на таблетот ќе биде во мобилна верзија на апликацијaта, а со тастатурата во десктоп верзијата. Surface Pro 4 чини најмалку 900 долари за основната верзија, а во претпродажба е достапен веќе од денес.
Мало изненадување е серијата на Lumia телефоните, дел од шпеклуациите кои велеа дека од компанијaта нема да креираат „entry level“ уред беа во право единствено за првите уреди кои ќе доаѓаат со Windows 10. Lumia 950 и 950XL доаѓаат во ноември, а ќе бидат достапни за 550, односно 650 долари. Двата уреди се повеќе фотоапарати отколку телефони со 20МР камера со можност за снимање 4К видео, и физичко копче за камерата. Поевтиниот модел Lumia 550 доаѓа во декември и ќе биде достапен за 140 долари.
Но, најголемото изненадување е Surface Book, хибриден лаптоп компјутер од Microsoft, кој според перформансите ќе го „закопа“ MacBook. Од Microsoft велат дека компјутерот е двапати побрз од производот на Apple и истовремено е најбрз 13-инчен лаптоп. Surface Book е веќе достапен во претпродажба за цена од 1.500 долари. Дали Microsoft ќе успее да го предизвика iPad Pro и MacBook останува да видиме.
Телефоните и таблет компјутерите не се единствените уреди со надградба. Band 2 паметната алка на Microsoft е на својата втора верзија, а овојпат доаѓа со поелегантен дизајн и 11 сензори од кои еден е барометар за следење на висината. Алката е интегрирана со Cortana и Microsoft Health и како и останатите сличну уреди помага при вежбањето. Band 2 ќе биде достапен до крајот на месецот.
Интересна беше и презентацијата за на HoloLens, бидејќи овојпат вклучи супер забавна видеоигра во која играчите треба да се справат со вонземјани кои излегуваат од ѕидовите. Конечно ја дознавме и цената и датата на излегување на првите HoloLens уреди – 3.000 долари, а првите очила доаѓаат на почеток на 2016 година.