0 коментари 2 мин. читање 31 октомври, 2012

Мicrosoft претстави апликација за синхронизирање на Windows 8 со Windows Phone 8

По излегувањето на Windows Phone 8 телефоните, Microsoft ја издаде и апликацијата која ќе овозможи синхронизација на уредите на новиот оперативен систем.

Апликацијата ќе овозможи споделување на музика, слики, видео, помеѓу уредите кои ги поседувате на Windows Phone 8 и Windows 8 платформите. Ќе има и автоматска синхронизација, пример штом се слика со мобилниот, фотографијате ќе биде достапна и на декстоп компјутерот: Со оглед на тоа дека апликацијата е наменета за Windows RT, покрај телефон, апликацијата ќе работи и на Windows RT таблет компјутерите.

The Verge објавува дека апликацијата ќе се инсталира на десктоп комјутерите веднаш штом Windows Phone уред со оваа апликација се приклучи на нив. За жал порталот јавува и дека  апликацијата не е достапна на Windows Phone 7 телефоните.

Апликацијата е достапна во Windows Store за сите сопственици на Windows уреди. Покрај достапноста во Македонија, поддржан е и македонскиот јазик.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top