Google го промени начинот на кој ќе ги составувате имејл пораките. Целта на воведените промени е Gmail да биде поедноставен за користење, пред се треба да се олесни работата кога сакате да упатите на податоци од претходоно примена пошта.
Од сега кога ќе стиснете на „нова порака“ ќе се отвори нов прозорец, кој е сличен на чет прозорецот во Facebook но многу поголем, во кој од сега ќе се пишува електронската пошта. Покрај олеснетото референцирање на пораките од вашиот Inbox, новиот начин на пишување на пораки, ќе овозможува да пишувате повеќе пораки истовремено. Забележлива е и поголема интеграција со Google+, па контактите од таму, ќе доаѓаат со сликите од нивните профили.
„Новиот начин на составување на пораки е дизајниран за да останете фокусирани на тоа што е важно, вашата порака. Контролите се сеуште таму но можете да ги скриете ако не Ви се потребни. Додадовме новини, како на пример, можноста за лесно вметнување слики, но има уште многу кои ќе дојдат во иднина.“, пишува на блогот на Google.
Целокупната листа на промени можете да ја видите на страната за подршка.
На прв поглед новото решение изгледа одлично, сите контроли се на исто место, контактите од Gmail доаѓаат со слики, вметнувањето на слики е слично со Google Docs. Иако можеби ќе треба да се привикнеме на него, пред се визуелно.









Уште да се паметни и наместо фб да користат г+ ќе е супер …..