0 коментари 1 мин. читање

Мicrosoft ни покажа среден прст со нови емотикони во Windows 10

Microsoft ќе биде првата компанија која во своите емотикони ќе го вклучи „средниот прст“. Емотиконот чие име е „задна страна на рака со продoлжен средeн прст“ или само „прст“ (the finger), ќе биде достапен на новиот оперативен систем Windows 10.

Емотиконот е дел од Unicode 7.0 стандардот, но досега никој не го имплементираше поради очигледни причини. Стандардот е донесен пред една година и добар дел од новите 2.834 симболи веќе се додадени. Новиот емотикон први го забележаа во Emojipedia.

Новите емотикони кои ќе бидат додадени со излегувањето на Windows 10 е прва измена која ја прави Microsoft во овој дел по 18 месеци, односно по објавувањето на последната надградба на Windows 8, Windows 8.1.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top