0 коментари 1 мин. читање

Личниот асистент Google Now сега може да се интегрира во трети апликации

Google Now, личниот асистент кој овозможува гласовни команди и гласовно пребарување, е отворен за сите, јави компанијата. Google објави дека ја отвора функционалноста за сите девелопери кои сакаат да го интегрираат Google Now во своите апликации. Како и досега активирањето ќе се прави со „Ok Google“, а со интегрирањето е овозможена навигација низ апликациите. Командите ќе бидат едноставни па можете на пример да активирате музика на омилената апликација или да побарете совет за некој ресторан од вашата омилена апликација.

Трите гласовни асистенти Siri, Cortana и Google Now имаат иста идеја за гласовни команди со кои ќе биде овозможена навигација и гласовни команди. Google Now и Siri за Android и iOS, а Microsoft се обидува да го направи својот гласовен асистент достапен на сите платформи и на десктоп компјутерите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top