Microsoft најави дека на почетокот на јуни ќе претстави поевтина верзија на Xbox One, која ќе доаѓа без сензорот за движења Kinect. Според Microsoft, ова поевтинување е со цел да им се даде поголем избор на гејмерите, но очигледно е дека компанијата сака да биде конкурентна со Sony, бидејќи цената на оваа верзија на Xbox Оne ќе биде иста со таа на Sony Playstation, или околу 400 евра.
Засега Kinect на Xbox One не е кој знае колкав голем успех бидејќи сензорот за движење, иако револуционерен и со огромен потенцијал, сепак не е доволно искористен од гејмерите од проста причина што нема доволно игри со поддршка за Kinect. Microsoft вели дека „слушнавме дека гејмерите сакаат да играат игри со контролери во раце“, но додаде и дека ќе продолжи да го унапредува Kinect за да може да биде подобро искористен.
[youtube]O_NLK-jEDGc[/youtube]