Microsoft ќе открие повеќе детали за Windows Blue на Build 2013

Microsoft ја најави Build 2013 конференцијата за развивачи за 26 до 28 јуни во Сан Франциско. На конференцијата ќе се објават податоци за следната надградба на оперативниот систем Windows Blue, иднината на Windows Azure, алатката за девелопери Visual Studio, но и за речиси сите производи на Microsoft од Windows Phone до Xbox.

„За сите да знаат што планираме и за да можат да учествуваат во најброрастечкот екосистем, задоволство ми е да ве поканам на следната конференција за девелопери. Помина долго време од нашата конференција за девелопери во Беј Ареа, а сега се радуваме на одлична средба. Зачувајте си го календарот слободен и пријавете се следната недела.“, известува Microsoft.

Можно е на конференцијата да биде јавно презентиран Windows Blue јавува ZDNet. Со оглед на тоа дека се најавени две верзии на оперативниот систем веќе се шпекулира дека ќе биде презентиран Blue за десктоп, односно Windows Pro таблет комјутерите и Blue надградба за Windows Phone. Во останатите презентации се споменува Windows Server Blue, нови верзии на Skydrive и Outlook и се рабира апликации за Blue. Покрај ова постои веројатност оваа година да ја видиме следната генерација на Xbox конзолата, иако се чини дека поприкладно место за прва презентација е гејминг саемот E3.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments