0 коментари 2 мин. читање 27 март, 2013

Flipboard 2.0 доаѓа со опција за пинување на содржина и можност да си креирате ваш магазин

Еден од најквалитетните мобилни магазини, Flipboard, објави своја 2.0 верзија – достапна за iOS и наскоро за Android – со која ќе може да пинувате содржина, да букмаркирате текстови, слики, видео и аудио кои може да ги коментирате. Flipboard сега стапи во партнерство со Etsy кои преку својот каталог ќе овозможат да купувате е-добра преку мобилниот магазин. Flipboard до сега правеше пари од реклами, но многу издавачи објавија свои апликации за да не им се „краде содржината“. Можеби со ова партнерство со Etsy ќе се отворат вратите издавачите да развијат мобилна е-трговија преку мобилниот магазин.

Прекрасниот дизајнот на апликацијата не е којзнае колку сменет. Додадени се само новите опции. Но, тоа што е ново е што сега корисниците можат да бидат и уредници, односно да си прават свој магазин со содржината која во изобилие ќе ја најдат на Flipboard. Откако ќе ги додадете сите текстови што ви се допаѓаат со + копчето, ќе може да ја искористите веб алатката на Flipboard (која наскоро ќе се појави и на мобилните апликации) за да ја организирате содржината. Овој магазин потоа може да биде споделуван со група на други корисници.

[youtube]I9dv5QVs2_c[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top