0 коментари 1 мин. читање

Microsoft ја купи MinecraftEdu која се користи во 7.000 училници во 40 држави

Microsoft сега освен оригиналната видеоигра во своја сопственост ја има и верзијата на Minecraft за училиштата. Компанијата објави дека сега се сопственици на играта која се игра во над 7.000 училници во 40 држави.

Апликацијата би требало да му помогне на Microsoft повторно да се наметне во училиштата, откако последниве години Apple и Google претставија креативни и корисни едукативни апликации. MinecraftEdu е всушност прилагодување на играта, мод кој не е изработен од Маркус Пирсон, оригиналниот автор на Minecraft, туку од луѓе кои учествуваат во образованието, обединети под името TeachersGaming. Дел од примерите за кои се користи Minecraft се супер интересни, така учениците од Шкотска ја користат алатката за креирање и редизајнирање на брегот на Данди, a учениците во Alfriston College од Нов Зеланд во соработка со Auckland War Museum учат историја, рекреирајќи го војното поле во Галиполи.

Видеоигрите се одлична платформа за образование и презентации, бидејќи се интересни за децата, позабавни се децата уживаат, а истовремено и учат куп интересни и важни податоци.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top