Microsoft им помагал на американските власти да ги набљудуваат Outlook, Skype и SkyDrive, открива Guardian

Microsoft им овозможил пристап на NSA до енкриптирани пораки како дел од контрoверзната операција PRISM, известува Guardian. Податоците повторно доаѓаат од поранешнито аналитичар на CIA, сега во бегство, Едвард Сноуден, и покажуваат соработка помеѓу Microsoft и Агенцијата за национална безбедност (NSA) кога e во прашање прислушување на енкриптираните пораки на клиентите на компанијата.

Помеѓу услугите кои ги нуди Microsoft, FBI и NSA се набљудувани Outlook, Skydrive и Skype. За Outlook агенциите имаат пристап до пораките уште пред да бидат енкриптирани, што значи дека промената на енкрипцијата нема да го промени пристапот на агенциите до електронската пошта. Од оваа година FBI и NSA имаат пристап и до облакот на Skydrive, а и најпопуларната платформа за разговор не е имуна, па разговорите се пренасочуваат во овие агенции.

Податиците кои ги објавува Guardian покажуваат дека агенциите соработуваат со Microsoft речиси една година. За почеток со пристап до Outlook, а од 8 април 2013 агенциите добиле пристап за SkyDrive. Интересно, но Skype е дел од PRISM уште од периодот пред да биде дел од Microsoft, докумените покажуваат дека чет сервисот е интегриран во PRISM од ноември 2010 година.

Агенциите сепак велат дека за секое прислушување имале судска одлука, за која Microsoft одлучил дека е оправдана пред да им дозволи било како пристап до податоците на корисниците.

„Статиите опишуваат следење кое е одборено од судот – и заложба на компаниите од САД да одговорат на ова задолжение. Програмот работи под строг наздзор од судовите, Конгресот и Директорот на Националната агенција за безбедност. Сите држави немаат механизми кои ќе ги заштитат граѓанските слободи и приватноста.“, велат во зедничко соопштение Шон Тарнер од Националната агенција за разузнавање и Џудит Емел од NSA.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk