Microsoft и Yahoo! станаа партнери

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Microhoo конечно се оствари. Oд долгогодишни лути ривали сега Microsoft и Yahoo станаа партнери во 10 годишна зделка за соработка во интернет пребарувањето и онлајн маркетингот. Лоши вести за Google?

„Едноставно кажано, Microsoft ќе го подржи Yahoo во пребарувањето додека Yahoo ќе биде ексклузивниот продавач на реклами за двете компании“, се вели во официјалното соопштение објавено на заедничкиот сајт. Тоа значи дека Microsoft ќе добие ексклузивна 10 годишна лиценца за пристап до пребарувачката технологија на Yahoo која ќе може да ја интегрира во своjaта платформа за пребарување, односно Bing ќе стане зададен пребарувач на Yahoo, што ќе му донесе повеќе корисници на Microsoft.

Заедно Yahoo и Microsoft сега ќе имаат околу 28 отсто од пазарот на интернет пребарување и ќе и конкурираат на „компанијата која доминира со 70 отсто од пребарувањето“, вели Стив Балмер, директорот на Microsoft.

Yahoo ќе биде официјалниот преставник и ќе ги менаџира рекламите на двете компани. Не се работи за плаќање однапред, како што беше разговарано претходно, туку „Microsoft ќе му компензира на Yahoo преку делење на профитот според остварениот интернет сообраќај на Yahoo мрежата, иако ќе биде подржана од Microsoft технологија“. Според прогнозите на двете компании се очекува оваа зделка да донесе околу 500 милиони долари приход годишно, од кои 275 милиони долари профит на
Yahoo. „Оваа зделка му одговора на Yahoo! за да остане светски маркетинг водач. Оваа ќе ни овозможи да се фокусираме и да инвестираме во идните маркетинг решенија, додека Microsoft ќе инвестира во технологијата за пребарување“, вели Kерол Бартз, извршната директорка на Yahoo!

Зделката го опфаќа само делот за интернет пребарувањето и онлајн маркетинг. Имејл сервисите, месинџерите и рекламирањето преку прикажување на сајтовите не се вклучени во договорот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments