Microsoft, Google и Mozilla стартуваат нов бинарен формат WebAssembly

Microsoft, Google и Mozilla ќе соработуваат на нов бинарен формат WebAssembly, кој ќе треба да надмине дел од проблемите кои доаѓаат со JavaScript. Идејата е со нов бинарен формат да се забрзаат процесите, а според првата најава WebAsembly ќе се декодира 20 пати побрзо од JavaScript.

Сепак новиот формат нема потполно да го замени JavaScript, туку намерата е барем подолг период да функционираат паралелно. Ова не е нова идеја и веќе постојат неколку обиди, TypeScript од Microsoft, asm.js од Mozilla, но ова е една од ретките соработки на најголемите компании кои заедно ќе изработат еден стандард. Стандардите се клучни кога е Интернет во прашање, а во моментов JavaScript е стандардот кој е прифатен и најчесто се користи, но досега немаше заедничка соработка помеѓу претставници на најупотребуваните прелистувачи.

Новиот формат треба да им овозможи на програмерите да го компајлираат својот код (за сега С и С++, но ќе следат и други јазици) за прелистувач, кој потоа ќе биде извршен во JavaScript енџин. Наместо прасирање на целиот код што што може да биде подолготрајно, WebAsembli може да седекодира значително побрзо, јави TechCrunch.

Се чини дека WebAssembly во почеток ќе биде базиран на asm.js или барем ќе ја има истата функционалност и девелоперите ќе ги можат да ја користат алатката Emscripten која е достапна во моментов.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments