Microsoft го претстави Windows 8

во Софтвер

Microsoft на BUILD конференцијата го претстави Windows 8 пред програмерите, објаснувајќи ги сите нови функциии на новиот двоен оперативен систем наменет за десктоп и таблет компјутери, и сите нови можности за како ќе функционираат апликациите.

Windows 8 е изграден врз новата Metro платформа која не е компатибилна со стариот Windows API, која е наменета за користење со допир и која поддржува бројни јазици за програмирање и веб технологии како JavaScript, HTML, CSS, со цел да го истурка Windows од десктоп во вид на мобилен оперативен систем кој ќе има интеграција со друштвените мрежи и ќе може да се користи за веб апликации кои ќе се симнуваат од Windows Store.

Интерфејсот на Windows 8 за таблет компјутерите е комплетно редизајниран, наликува на Windows Phone, и поддржува апликации на цел екран и контрола со лизгање на прстите, повторно со цел да се освои пазарот на таблет компјутери. Има мултитаскинг, односно се овозможува две апликации да го поделат екранот.

Интересно, Microsoft ќе го следи примерот на Аpple, односно ќе одобрува кои апликации ќе се појават на таблет верзијата. Според Microsoft, програмерите ќе добијат одговор по 24 часа откако ќе ја пријават апликацијата.

Windows за десктоп ќе користи стандарден и Metro UI за стартување на новите и користење на постарите апликации. Тоа што е интересно е што Windows 8 ќе има нова кул Refresh опција да се „освежи“ компјутерот, односно опција во Control Panel со која компјутерот го добива истиот ефект на рестартирање, пример затварање на неупотребени апликации и чистење на меморијата, но без да бидат изгасени апликациите и изгубени фајловите.

Windows 8 ќе има Windows Assessment Consola за детално следење на перформансите на компјутерот, ќе има Internet Explorer 10 кој ќе биде на цел екран, ќе има можност за користење на Windows низ неколку различни уреди и секако бројни можности за поврзување со облакот за користење на разни веб сервиси на Microsoft…

Конференцијата се уште трае, следете ја во живо на http://www.buildwindows.com/

Добивај известувања
Извести ме за
guest
10 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] конечно откри кога треба да го очекуваме двојниот Windows 8. Новиот оперативен систем нема само да се појави за […]

Доци
Доци
10 years ago

Ах, тие аматерски коментари! :)

Следниот оперативен систем од Microsoft кој сега го носи името Windows 8 ќе биде оперативен систем НАМЕНЕТ ЗА СИТЕ УРЕДИ! Прочитав многу негативни коментари, но разбирам зошто е тоа така. Секако дека ќе има нешто што не ви се допаѓа, но треба да знаете дека има уште многу што да се работи на Windows 8, оперативниот систем кој ќе направи вистинка револуција! Поздрав

Кикооооо
Кикооооо
10 years ago

Вака глупоооост немам виденоо но за таблет е ке видиме за Декстоп и Лаптопи каков ке е !!

Јас
Јас
10 years ago

Веќе постојат лаптопи со тач, а со оглед на тоа дека бројот на windows корисници е огромен производителите на лаптопи ќе бидат примарани да почнат да произведуваат што поголем број на лаптопи со екрани на допир. Така што ова „чудо“ нема да биде само за таблет :)

Невен Пејков
Невен Пејков
10 years ago

Го има и стандардниот изглед не е само новиот интерфејс … Корисникот може да си одбери што сака. Во секој случај голема победа над другите оперативни како со интерфејс, компатибилност така и со можности за развој. Ќе избриши под со андроид

Trajche Tale Toshev
10 years ago

Како шо знам сличен ќе е и за PC, а можно е и ист ^_^

Pece
Pece
10 years ago

Se slozuvam za glupavoto nevideno nesto.. ova e za na tablet samo

@totetoBT
10 years ago

Вака добро ми изгледа, ама за таблет и телефоните, не знам колку ќе е добар за десктоп а и за лаптопите, со оглед дека е отимизиран за екран на допир. Сите икони се поголеми, има поголемо растојание меѓу нив.

Tale
Tale
10 years ago

супер изгледа.. ајде и за PC ќе почекаме да излезе па да го инсталирам :P

Bobotheclown
Bobotheclown
10 years ago

po glupo neso nemam videno