0 коментари 2 мин. читање 12 февруари, 2015

Мicrosoft го купи Sunrise, еден од поубавите мобилни календари

Студиото зад прекрасниот iOS и Android календар Sunrise сега е во сопственост на Microsoft. Непотврдени информации велат дека гигантот за оваа аквизиција исплатил околу 100 милиони долари. Sunrise поддржува Gmail профили и Facebook настани/родендени. Апликацијата интегрира и сервиси како SongKick и TripIt, но и Foursquare и Evernote. Апликацијата овозможува голем број на функции за организација на настаните без разлика дали станува збор за состаноци, родендени или известувања.

Microsoft официјално ја потврди аквизицијата на YouTube каналот откако, минатата недела се појавија првите шпекулации за интересот на компанијата за Sunrise. Најавите се дека компанијата ќе интигрира дел од Sunrise во Outlook, односно Acompli кој неодамна е ребрендиран во Outlook и веднаш беше прогласен за еден од најдобрите сервиси за имејл на iOS. Без сомневање Sunrise останува присутен на iOS и на Android, а секако конечно ќе се појават и на Windows Phone.

[youtube]0KhasPPLH7A[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top