BitTorrent стартува своја ТВ серија со име Children of the Machine

0 коментари 1 мин. читање

BitTorrent во соработка со Rapid Eye Studios најави креирање на сопствена ТВ серија, јави Mashable. Серијата ексклузивно ќе биде достапна преку BitTorrent Bundle. За сега планот е да креираат по две серии во годината кои на Bundle ќе бидат достапни помеѓу 30 и 60 дена, по што ќе бидат достапни и на други платформи. Приходите од сериите најверојатно ќе бидат од реклами, а средствата ќе бидат поделени во соодност 9:1 во корист на креаторите на содржина.

„Последниве две години станавме доверлив и валиден канал, а креаторите и издавачите имаат можност да допрат до 170 милиони корисници месечно. Навлегувањето во светот на оригинални содржини е она што ќе не направи сериозен медимски бизнис и не носи чекот поблиску до нашата цел: креирање на дигитална иднина за сите креатори“, вели директорот на BitTorrent Ерик Клинкер.

Првата серија ќе биде Children of the Machine која ќе започне со снимање оваа пролет, а ќе биде емитувана до крајот на 2015 година.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед