Mi 5C е првиот телефон на Xiaomi кој ќе доаѓа со процесор од компанијата

Xiaomi го претстави својот прв процесор. Surge S1 е осум-јадрен процесор кој за прв пат ќе дојде во Mi 5C. Компанијата прв пат го спомена процесорот во октомври 2014 година.

„Способноста за креирање на сопствени процесори е врв за секој производител на паметни телефони. За Xiaomi ова е клучен исчекор во нашиот развој. За да го одржиме нашето ветување дека ќе ја донесеме иновацијата за сите, треба да влаадееме со основите на нашата индустрија.“, вели Леи Џун (Lei Jun), директор и ко-основач на Xiaomi.

Технологијата на процесорот е TCMC 28 nm HPC+, процесорот е составен од осум Cortex A53 јадра. Четири јадра се на 1,4 GHz, a 4 на 2.2 GHz. Дополнително, Surge доаѓа со Mali-T860 MP4 процесор. Според перформансите Surge S1 е во иста класа со Snapdragon 625, вели Engadget.

Новиот процесор на Xiaomi е поштедлив, па дизајнерите на Mi 5C можеа да стават и помала батерија без да ризикуваат пречесто полнење. Телефонот доаѓа со 5.15-инчен екран, со резолуција 1080p; eMMC 5.0 флеш диск со капацитет 64 GB; и 3 GB RAM. Дополнително, како повеќето телефони од Xiaomi има простор за nano SIM картички. Телефонот доаѓа со 12 MP главна и 8 MP предна камера.

Засега е нејасно дали Xiaomi ќе го користи Surge S1 во сите телефони од средна класа или за дел од телефоните ќе ја продолжи соработката со партнерите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments