Ако пред само неколку дена изгледаше дека GTX 1080 Ti ќе биде картичка која ќе биде помеѓу GTX 1080 и Titan X Pascal, денес тоа не е случај. GeForce GTX 1080 Ti ќе биде најмоќна комерцијална графичка картичка на пазарот.
Новата картичка доаѓа со истиот процесор како и Titan X, GP 102. 1080 Ti доаѓа со 11GB 11Gbps GDDR5X меморија. Дополнително магистралата помеѓу меморијата и процесорот е 352-битна, односно затворен е еден 32-битен канал во споредба со Titan X. Ова е 1 GB помалку од Titan, но меморијата е побрза. Картичката обработува податоци со 11469 TFLOPS, 8 отсто побрзо од Titan X. Можеби најважно GTX 1080 Ti доаѓа за 700 долари, 500 долари помалку од Titan X.
„Секоја година игрите се поубави и поубави, затоа ви ја презентираме следната генерација high-end графички картички, да бидете подготвени за следната генерација на видеоигри.“, вели Јен-Сун од Nvidia.
Компанијата го повтори она што го направи со GTX 780 Ti. Оваа графичка картичка досега беше единствената која со перформансите го надмина Titan од истата серија.