Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека е од исклучително важност за Европа да развие сопствено производство на батерии, пренесе Reuters. Ова ќе обезбеди безбедна иднина за автомобилската индустрија во Европа.
Со оглед на тоа дека дел од најголемите производители на автомобили се во Германија, заложбата на канцеларката најверојатно не е изненадување. Сепак снабдувањето со батерии во иднина би можело да биде еден од ограничувачките фактори на производство на електрични возила.
„Ако Кина го отвори својот прв погон за производство тука, тоа ќе биде добро. Тогаш батериите ќе се произведуваат и во Европа. Но, не знам дали нашиот сон беше да не можеме да го правиме тоа во Европската унија. Сè уште се залагам да развиеме стратешка способност да произведуваме батерии. Верувам дека ова ќе биде исклучително важно следните декади“, вели г-ѓа Меркел.
Европа е дом на повеќе позначајни производители на автомобили. Освен Германија возила се произведуваат и во Франција, Италија, Шведска, Чешка, Шпанија, Словачка… Со оглед на тоа дека производството во следната декада се префрла на електрични возила, контролата или можноста да се изработат батерии локално значително ќе влијае и на способноста за производство, но и за развој на возила.