Мејси Вилјамс од Game of Thrones ќе претстави апликација за колаборација

во Свет, Софтвер

Мејси Вилјамс, актерката која ја игра Ариа Старк во популарната серија Game of Thrones, најавува дека наскоро можеби ќе зборуваме за нејзе како претприемач.

Актерката го најави лансирањето на Daisie мобилна апликација/друштвена мрежа за професионалци. Апликацијата излегува на лето и треба да им овозможи на учесниците да соработуваат на проекти. Дополнително, ќе може да споделуваат мислења за проектите, како да се на друштвена мрежа.

Daisie е наменета за новите креативци. Треба да им овозможи простор на кој ќе можат да ја презентираат својата работа.

„Пресреќна сум поради промените кои ги гледаме во креативните индустрии и движењето жените да бидат вистински ценети. Сакам Daisie да им ги овозможи и на другите можностите кои јас ги имав на почетокот на мојата кариера. Daisie ќе го прескокне јазот помеѓу младоста и креативната работа; ќе овозможи нови можности за соработка, учење и креирање. Со тоа ќе зацрта нов начин за талентираните поединци да бидат откриени и вработени“, вели г-ца Вилијамс.

Засега платформата е во рана фаза на развој. За финалзирање се предвидени 10 месеци, а тие се во четвртиот месец на развој.

Кога ќе биде готова, апликациајта ќе има премиум модел. Дел од функционалностие ќе бидат достапни единствено за премиум корисниците. Сепак, сигурно е дека нема да има реклами.

Неофицијално лансирањето е најавено за ова лето, а според најавите тимот работи на носење на првите таленти кои ќе бидат присутни на платформата за време на лансирањето.

Во моментов веб страницата е отворена за пријави со кои би можеле да ги известат потенцијалните корисници за идното лансирање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments