Меѓупланетарно информирање за времето со Space Weather Reporter

Правилно информирање за времето знае да биде исклучително корисно, особено доколку не сакате неспремно да бидете изложени на непријатни временски услови.

Но, што доколку сакате да се информирате за временските настани, но на меѓупланетарно ниво? Што доколку навистина, ама навистина сакате да го задоволите научникот во вас и да се информирате за најновите соларни ракети, исфрлање на коронална маса, геомагнетни бури и многу други временски настани?

Во такви ситуации, потребно ви е дружење со Space Weather Reporter, интересна апликација влече важни податоци собрани од датабазата за известувања, знаење и информација (Database of Notification, Knowledge and Information, или DONKI). Доколку некој настан ве заинтригира, можете да го споделите на најпознатите социјални мрежи, или преку и-мејл.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments