Median XL e единствениот мод кој ќе ви треба за Diablo II

Некои игри тврдоглаво го одбиваат повикот на заборавот, особено кога ќе се потковаат со крајно комплексни модови кои на играта и даваат целосно нова димензија и стократно го зголемуваат факторот на забава.

Median XL е еден таков мод и, доколку отсекогаш сте планирале да се навратите на Diablo II, направете го тоа со стил и уживајте во 35 нови вештини за секоја класа, подобрена вештачка интелигенција на непријателите и 40 uber квестови кои се endgame фантазија. Вашиот левел е дополнително проширен до 125, со напомена дека последните пет левели се исклучително тешки за заработка.

Diablo II излезе на 26.јули 2000 година. Проширувањето Diablo II: Lord of Destruction една година подоцна. Median XL модот пред само неколку денови!

Со новото, изборно ниво на тежина, Median XL дополнително се осмелува да ја направи играта попредизвикувачка. Сите посетители, меѓутоа, ќе имаат на располагање можност за награда во форма на 700 нови и уникатни предмети, 500 нови runewords, 35 нови сетови од оклопи и стотици cube рецепти. Како да ова не е доволно, платениците се подобрени во бројни аспекти при движењето и реагирањето, а надвор од градовите златото автоматски се собира. Во поглед на мрежните пресметки, имате на располагање над 10 сервери

Во случај да сте желни за сите исправки и надополнувања, посетете го официјалниот сајт.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk