Компаниите членки на Комората на приватни компании кои работат во ИКТ секторот ги одбраа своите претставници. На Изборното собрание се одбрани нови членови во органите за управување.
Нов претседател на Управниот одбор е г-ѓа Анета Антова Пешева од компанијата „Ултра”, a заменик претседател на Управниот одбор е г-н Илија Господинов од компанијата Ендава. Освен раководните функции на Изборното собрание, одбрани се и нови членови на Управниот и Надзорниот одбор, Претседател на Собрание, како и на Судот на честа, јави МАСИТ.
Членови на Управен одбор на МАСИТ се:
- Анета Антова Пешева, Ултра, Претседател
- Илија Господинов, Ендава, Заменик претседател
- Драган Чепујноски, oне.Вип
- Благој Христов, Македонски Телеком
- Теди Цоневски, Неотел
- Зоран Лазаревски, Ассеко СЕЕ
- Александар Убавков, Мусала софт
- Владимир Робевски, Исоурце
- Ненад Чубриновски, Инплеер
Претседател на Собрание на МАСИТ:
- Горан Попоски, АСИ
Членови на Надзорен одбор на МАСИТ се:
- Горан Митев, Едусофт,
- Фросина Зафировска, ИТ Лабс
- Дејан Гавазов, Брансис
Членови на Суд на честа на МАСИТ се:
- Викторија Дранговска, Коде ИТ Солутион
- Тошо Трајанов, Адева Ит
- Димитар Јаневски, Инбокс
Избраните претставници на Комората ќе ги извршуваат своите функции до март 2022 година. Фотографии од Изборното собрание можете да погледнете на Facebook страницата на MASIT.