Според научниците од Catalan Institute of Researh од Лондонскиот универзитет, „телесната транзиција“ била толку ефективна што чувството за себе на мажот во виртуелното женско тело го принудила да реагира рефлексивно на настани во виртуелниот свет.
„Оваа истражување отвара ново гледиште во виртуелниот свет, каде не го префрлуваме само чувството за место, туку и чувството за себе. Нема друга технологија која ќе ни дозволи да погледнеме долу и да видиме тело кое не е наше и кое ќе ни пружи илузија дека тоа сме ние.“ вели Мел Слатер, истражувач од институтот, за Guardian.
24-те мажи кои учествувале во истражувањето биле ставени во виртуелна соба каде има девојка која седи пред огледало. Научниците користеле различни перспективи од каде учесниците гледале што се случува во собата. Некои кога ќе погледнат надолу го гледале телото на девојката, додека други биле поставени од страна. Во сценариото била вклучена и друга жена која ја гали девојката по рамо. Во собата се слуша и звук од телевизорот. Во неколку сценарија научниците ја користеле и рефлексијата од огледалото за да го доловат допирот. Имало и сценарио каде жената брзо и удира шамар на девојката. Интересно, колку повеќе биле во телото на девојката толку повеќе мажите реагирале тргнувајќи го целото тело назад.
„Ако можете привремено да им направите илузија на луѓето дека нивните тела се различни, тогаш доказите сугерираат дека тоа ќе им влијае на нивното однесува и начинот на кој размислуваат. Мажот може да има искуство како е да се биде жена.“
Повеќе за истражувањето, методите и дискусијата ќе најдете тука.