МАРнет ја започна големата преселба на либерализираниот .мк домен

во ИТ.МК

Како што се очекуваше, Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет) испрати имејл до своите клиенти да ги информира дека од 01.04.2014 година официјално ќе ја започне преселбата на македонските домени кон другите овластени регистрари. МАРнет веќе нема да регистрира .мк домени, освен .gov.mk домени, туку дејност на агенцијата ќе биде само регулатор на доменот. Официјалните регистрари, во моментов сe осум компании, ќе го преземат процесот на регистрирање и ќе ги преземат сите регистрирани домени.

Прераспределбата на домените која МАРнет ја нарекува „пререгистрација“ е оставена на сопствениците на домените кои ќе треба да си одберат свој регистрар кој ќе менаџира со доменот. Либерализацијата на доменот треба да отвори простор за конкуренција помеѓу регистрарите кои, во теорија барем, за да привлечат корисници ќе треба да излезат со поатрактивни понуди, како бесплатен хостинг, eлектронско регистрирање и онлајн поставување на DNS сервери. Но, тоа што е лошо околу либерализацијата, барем засега, е што иако МАРнет не направи промена на цените, 610 денари за регистрација на домен, цената веднаш скокна и кај некои регистрари достигна до 1.200 денари.

Пререгистрацијата ќе трае една година, до 01.04.2015-та година. Штом ќе започне процесот од следниот месец МАРнет веќе нема да регистрира домени, но ќе ги менаџира домените кои нема да бидат префрлени на регистрарите. Со новиот правилник се предвидува дека еден .мк домен мора да биде обновен 1 месец пред истекот на валидноста, или ќе биде одземен од сопственикот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments