Maрк Закерберг го претстави Oculus Go, мобилен сет за виртуелна реалност од 200 долари

0 коментари 1 мин. читање

Facebook го претстави новиот уред за виртуелна реалност. Oculus Go се очила за виртуелна реалност, за кои не е потребен дополнителне хардвер од Oculus. Новиот производ го претстави Марк Закербер на Oculus Connect  4 во Сан Хозе.

Oculus Go во моментов е најдостапен уред, барем според цената од 200 долари. Засега нема премногу податоци за хардверот. Go e преносен уред за виртуелна реалност; доаѓа со WQHD LCD дисплеј и spatial аудио. Уредот ќе ги споделува апликациите со Gear VR, очилата за виртуелна реалност од Samsung.

Oculus Go е прв уред кој Facebook го презентира откако на чело на одделот за виртуелна реалност е Хуго Бара.

„Oculus Go е одличен за играње видеоигри, гледање на филмови или за дружење со пријателите во виртуелната реалност“, вели г. Закерберг.

Според најавата, очилата ќе бидат достапни на почетокот на 2018 година. Ова е под услов уредот да биде прифатен од Федералната комисија за комуникација.

Речиси истовремено со претставувањето на Go, Oculus ја откри и новата цена за Rift, кој сега заедно со контролерите е достапен за 400 долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед