Следната генерација на PlayStation конзолата ќе биде првата која ќе има х86 процесор. Причината за ова е што Cell процесорот бара од развивачите поголемо проучување за да ја искористат моќта на овој процесор, вели во интервју за Gamasutra, главниот архитект на конзолата, Марк Черни.
„Не сакавме хардверот да биде загатка за програмерите, која ќе треба да ја решат за да направат квалитни игри.“, вели г.Церни. Новата конзола всушност ќе биде пренабилдано PC, најголема предност пред PC ќе биде 8GB DDR5 меморија која ќе може да ja делат GPU и CPU.
CPU и GPU се на големи чипови креирани само за Playstation од AMD. Осумте Jaguar јадра, GPU и голем број останти единици се на истата „коцка“. Меморијата не е на чипот, таа е поврзана со процесорот преку 256-битна магистрала со брзина од 176 GB/s. Ова ќе овозможи следната верзија на конзолата да биде подолготрајна од претходниците. Користењето на графичкиот процесор за пресметки ќе претставува флексибилно решение за во иднина, кое ќе овозможува истовремена работа на графика, пресметка на судири и слично.
Сепак и покрај тоа што можеби хардверот на конзолата е интересен, сепак најинтересно за сите гејмери ќе биде кој ќе бидат игрите со кои ќе стартува конзолата. Игрите кои ќе дојдат на новата конзола ќе бидат повеќе и подобри од претходниците пред се поради поедноставувањето за девелоперите. Креирањето на енџини ќе биде прашање на недели, а не месеци, вели г. Черни.







