„Можните твитови имаат влијание, релевантност и екот. Во само 140 карактери, ти можеш да ја промениш играта, да направиш разлика во нечиј живот, да понудиш перспектива, или да им помогнеш на луѓето во потреба.“, пишува Twitter на својот блог.
На прво место е твитот на новинарката Ен Кури која го искористи Twitter да ја убеди американските војска да им дозволи на авионите на Репортери без Граници да слетат на нивната писта. Авионите носеа доктори за помош на ранетите од земјотресот во Хаити
@usairforce find a way to let Doctors without Borders planes land in Haiti: THE most effective at this.
2. Белата куќа му кажа добродојде на Twitter на рускиот претседател Медведев. Црвените телефони веќе не се потребни, рече американскиот претседател Обама.
Welcome to @twitter President Medvedev! RT @KremlinRussia_E: Hello everyone! I’m on Twitter, and this is my first tweet.
3. Леи Фазина прати Twitter барајќи помош додека беше сериозно повредена во шумите во Фармингтон.
I’ve had a serious injury and NEED Help! Can somone please call Winding Trails in Farmington, CT tell them I’m stuck bike crash in woods.
4. Сатиричниот профил @BPGlobalPOR ги исмејува британскито нафтен магнат BP за глупавиот ПР и немоќта да се скрие катастрофата со одливот на нафта во Мексичкиот залив кој беше топ тренд на Тwitter во 2010-та.
Catastrophe is a strong word, let’s all agree to call it a whoopsie daisy.
5. Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа го искористи Twitter да повика на вонредна состојба во земјата.
6. Канцеларијата на принцот на Велс ја најави веридбата на принцот Вилијан со Кејт Мидлетон.
The Prince of Wales is delighted to announce the engagement of Prince William to Miss Catherine Middleton – www.princeofwales.gov.uk
7. Џонатан Шварцер, директорот на една од најголемите ИТ компании, Sun Microsystems, го најави заминувањето од компанијата во 140 карактери.
Today’s my last day at Sun. I’ll miss it. Seems only fitting to end on a #haiku. Financial crisis/Stalled too many customers/CEO no more
8. Тwitter послужи како алатка за кампања во изборите во Ајдахо, САД.
Congratulations to Raul Labrador on a hard-earned win, and best of luck as Idaho’s next Congressman.
9. Tвит и слика на фудбалерот на Шпанија, Карлес Пујол, откако Шпанија го освои Светскиот куп. Фудбалското првенство беше една од топ трендовите на Twitter во 2010., и е алатка за директна комуникација меѓу клубовите, репрезантациите и играчите со фановите.
Gran ambiente en la rua!!orgulloso de ver a tanta gente feliz. http://twitpic.com/24qkg5
10. Популарниот ТВ водител Конан O’Брајан ја најавува својата музичка тура.
Hey Internet: I’m headed to your town on a half-assed comedy & music tour. Go to http://TeamCoco.com for tix. I repeat: It’s half-assed.