Македонските власти ветуваат 600.000 евра за дваесетина стартапи

Стартува аплицирањето за пари од Фондот за иновации и технолошки развој кој ветува дека ќе инвестира вкупно 600.000 евра во стартапи и спиноф компании што работат на нови продукти. Идејата зад финансиската поддршка, која доаѓа од Владата на Македонија, е да се поттикне технолошкиот развој и иновациите така што на дваесетина стартап-компании би им се поделиле по максимални 30.000 евра. Но, парите не се наменети само за ИТ индустријата.

„Инструментот е достапен за сите, за сите индустрии, иако тука најмногу се зборуваше за ИКТ, бидејќи во тој сектор е најлесно да се направи иновација, и бидејќи се следат современтите трендови, и со мала инвестиција за компјутер и неколку луѓе може да се дојде до решение кое ќе има комерцијална вредност. Но, не фаворизираме никого“, вели Јасмина Поповска, директортка на фондот, во своето излагање на Startup Grind Skopje.

(Претставување на Фондот за иновации на Startup Grind Skopje, снимено во јуни 2014-та)

Предност ќе имаат стартапи кои се во сопственост на македонските државјани, и според Правилникот (.pdf) нема да смее да биде постара компанија од шест години. Но, фондот ќе инвестира само 85 отсто од парите во стартапот кој ќе мора останатите 15 отсто да си ги обезбеди сам.

Ова би можело да претставува проблем бидејќи добар дел од стартапите немаат неколку илјадници евра да се покријат, што може да значи дека иновативни идеи ќе бидат пропуштени поради ограничувањата. Ако македонските власти сакаат да ги задржат иновативните македонски компании, тогаш можеби треба да прифатат ризик бидејќи има други кои би ги поддржале креативните компании. Пример за тоа се бугарските акселератори Launchub и Eleven кои инвестираат во стартапи кои се излезени буквално од „гаража“, односно без пари и канцеларии. Поради легални причини поврзани со Европската Унија, чии се парите што се инвестираат, мора да се регистрираат тие стартапи како бугарски. Пример за тоа се македонскиот стартап Tesseract Interactive, кои мораа да бидат регистрирана бугарска компанија за да ги добијат парите за развој на својата игра. Тоа е штета. Но, ќе прифатиме дека во Македонија, каде нема култура за прифаќање на ризик, ваков фонд е барем еден чекор понапред кон поддржана стартап сцена.

Друг проблем што можеби ќе се појави е што Фондот како основен критериум за финансирање го зема „вложувањето во истражувачко-развојните активности во вкупните приходи на компанијата“. Ова е преголемо очекување од стартап бидејќи на стартапите им требаат пари за да се пробијат на пазарот, не да почнат со истражување и унапредување на продуктот, кој од сам почеток би требало да биде иновација. Стартап треба да се претвори во компанија за да може да има „потенцијално влијание на економскиот развој“, што е уште еден критериум.

Фондот за иновации и технолошку развој всушност има на располагање околу 2,3 милиони евра кои ќе треба да ги инвестира. Дел од нив се за програмата за стартапи, додека другите три програми се за финансирање на мали и средни компании да имплементираат иновации, во облик на заем; конфинансирање грандови за пренос на технологии; и техничка помош за креирање н аделовно-технолошки акцелератори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Martin Kalčo Rajovski
11 years ago

А зашто да неможам да аплицирам како физичко лице, а имам добар стартуп?
Како и какде можам да го презентирам мојот стартап за да привлечам инвестиција за развој на истата?

novica
11 years ago

Другари дајте бе еден критички текст. Колку стартап проекти се финансирани од влада во сад, во еу? има ли иновации и претприемништво во ригидни правила што ги диктира бирократија? дали нешто што не е воено е од интерес на државите кога финасираат… има миљон прашања. ајде пишувајте.