0 коментари 2 мин. читање 17 февруари, 2015

Инфрацрвен Li-Fi сигнал може да пренесе брзини од 100 Gpbs

Истражувачи од универзитетот Оксворд работат на технологија која ќе овозможи светлосен интернет пренос. Новата Li-Fi технологија ќе овозможи бежичен пренос од 100 гигабити во секунда, објави IEEE.

Предавателот во експериментот е поставен на плафонот од каде треба да го испрати зракот до приемникот на компјутерот. Токму ова е најголемиот предизвик на технологијата бидејќи на излез од оптичкото влакно ширината на зракот е 8 до 9 микрометри, а пред него не смее да има пречки. Тимот од Оксворд користи холографско управување на зракот на предавателот и на приемникот, а со помош на течни кристали зракот се прекршува во посакуваната насока.

Недостаток е непоходниот непречен пренос за светлиината до предавателот. Сепак со технологијата каква што е во моментов, тимот успеа да креира 6 канали на различни бранови должини, секој од нив со 37 Gb/s за комбиниран пренос од 224 Gb/s. Бројот на канали зависи од видното поле, па за разлика од претходниот обид со 60О, во обидот каде видното поле е 36О успеа да креираат три канали за комбиниран пренос од 112 Gb/s.

Барем во моментов приемникот мора да биде во фиксна положба, па Wi-Fi мрежата е далеку од „пензионирање“, иако теоретската брзина на Li-Fi е 3 терабити во секунда, наспроти 7 гигабити во секунда на Wi-Fi. Следен предизвик на тимот е можност за репозиционирање на приемникот, со што корисникот би можел да го префрли својот компјутер било каде во собата без притоа да се грижи за интернет пристап.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top