Македонските власти испратиле 9 барања до Facebook за кориснички податоци во последниве шест месеци

Во последниве шест месеци Facebook добил над 38.000 барања за информации од 74 земји, се вели во првиот извештај за транспарентност на друштвената мрежа. Девет барања од тие се дојдени од македонските власти кои побарале информации за 11 корисници.

Во извештајот за транспарентост, налик на тој кој го објавува и Google, е излистан вкупниот број на барања испратени од властите до мрежата; барања за пристап до информации на одредени корисници; и процентот на успех на одговарања на барањата. Така, Facebook одговорил, односно доставил (некои) информации во 33 отсто од барањата испратени од македонските власти.

„Веруваме дека овој процес ги штити податоцие на луѓето што ја користат нашата услуга, и бара од властите да го исполнат високиот законски критериум за секое индивидуално барање доколку сакаат да добијат информација за било кој од нашите корисници.“, вели Facebook.

За жал, нема подетални информации за што се поднесени барањата. Повеќето од барањата се за криминални случаи, кражба и злоупотреба на идентитет и можеби некој судски процес, иако поголемата слика често е завиткана во таинственост. Пример, во случајот на САД, кои испратиле над половина од вкупните барања, односно околу 12.000 барања за податоци на 21.000 различни корисници, Associated Press пишува дека бројките не се точни бидејќи „федералната власт им забранува на компаниите да објавуваат колку пати им било наредено да достават информации за своите корисници“.

Во секој случај, потегот на Facebook да објавува редовен извештај за транспарентност треба да се пофали, иако можеби е бесмислен сега кога, благодарение на тајните документи објавени од Едвард Сноуден, знаеме дека NSA и други агенции имаат поставено архитектура да прислушуваат кого сакаат на интернет. Facebook е една од компаниите која е обвинета дека примала парична компензација од NSA за да биде користен во програмата за набљудување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments