Македонските стартапи ги прифатија „контроверзните“ биткоини

во Веб, ИТ.МК

Биткоините се контроверзни, рече гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, кој ја оцени дигиталната валута дека има „можност да креира меури и ризиците се многу големи“. Г. Богов се чини го има истото мислење и со другите европски власти кои предупредуваат за непредвидливата вредност на децентрализираната дигитална валута. За само неколку месеци вредноста на крипто-монетите скокна од двеста на над илјада долари, за потоа да падне за 50% отсто на 600 долари откако Кина ги забрани. На страна од ризикот да изгубите пари, анонимните биткоини е тешко да бидат регулирани и оданочени, што е крајната цел на властите.

Но, за македонскиот стартап CodeWell биткоините не се валута со која сакаат да профитираат, туку се нов концепт со кој може да се експериментира. CodeWell од неодамна најави дека прифаќа плаќање во биткоини за нивните мобилни апликации, бидејќи, вели основачот Нино Карас, крипто-монетите се „револуционерен концепт кој полека станува реалност“ и кој, ако се прифати, ќе може да го промени светот, посебно ИТ бизнисот.

„Знаеме дека е голем ризик за загуба на капитал, но искрено веруваме дека самата валута има потенцијал уште да добива на вредност. Искрено не веруваме дека ќе ни донесе многу нов капитал (доколку се испадне како што треба), но дека ќе ни отвори врати до нова група на клиенти и потенцијални партнери на CodeWell“, вели основачот Нино Карас.

CodeWell всушност имале едно побарување од странство за уплата во биткоини, но не и од Македонија. Нино вели дека биткоините сè уште се комплексен концепт за да се прифати во Македонија, и за нивно прифаќање ќе треба да се почека. Првин ќе треба биткоините да ги прифати заедницата, а потоа и бизнисите.

„Верувам дека дури и самите биткоини да не го доживеат својот светол ден, дека ќе произлезе конкурентска валута на Биткоинот која ќе го направи тоа поправајќи ги недостатоците на Биткоините кои евентуално би произлегле во иднина, како валута пионер од овој тип“.

[youtube]XhFjfVQK3G8[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments