Македонските deep tech амбиции низ европска перспектива на TECHSIGHT

Додека европските универзитети се борат за лидерство во deep tech иновациите (значајни научни или инженерски откритија), македонските високообразовни институции се соочуваат со клучниот предизвик: како да ги модернизираат капацитетите и да ја постават Македонија како релевантен играч во новите технолошки екосистеми.

Токму тука доаѓа европскиот проект TECHSIGHT – иницијатива која не само што обезбедува системски пристап за развој на иновациски и deep tech способности, туку и ги поврзува универзитетите со индустријата, стартапите и меѓународни партнери, со цел создавање на инфраструктура која претвора научни идеи во применливи иновации.

Со силен фокус на интелигентни производни процеси, стратегиско предвидување и комерцијализација на научни увидувања, TECHSIGHT се обидува да создаде инфраструктура која ќе овозможи студентите и истражувачите да ги претворат идеите во применливи иновации.

Во ова интервју за IT.mk, проректорката за наука на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. Валентина Гечевска објаснува како проектот може да помогне во развојот на deep tech екосистемот во Македонија, како универзитетите можат да станат регионални лидери, кои се клучните глобални трендови што треба да ги следиме, и како со системска поддршка може да се намали одливот на таленти, создавајќи нови можности дома.

Проф. Валентина Гечевска: Токму поради фактот дека deep tech екосистемот во Македонија е во рана фаза, проекти како TECHSIGHT овозможуваaт системски пристап за забрзано градење на капацитети, и позиционирање на универзитетите како релевантни актери во развојот на екосистемот. Тоа се прави преку различни типови активности на универзитетите, а со цел да се поттикне развојот на екосистемот преку размена на искуства со универзитетите од региони кои имаат понапреден или сличен развој на deep tech ексистемите (Данска, Германија, Латвија, Турција, Србија). Дел од тие активности вклучуваат структуриран тренинг на академскиот и неакадемскиот кадар, поддршка на студентски стартапи, поддршка за комерцијализација на научните истражувања. 

Проектот овозможува системски пристап преку градење на заедничка рамка за стратешко предвидување (foresight) и иновациски активности (horizon scanning, future thinking), во координација со партнери од Данска, Германија, Латвија, Турција, Португалија и Србија, а со цел да се поттикне развојот на екосистемот преку размена на искуства.​

Притоа, TECHSIGHT работи на неколку нивоа. На институционално ниво, проектот помага универзитетите да воведат методологии за horizon scanning и стратегиско предвидување во донесувањето одлуки, како анализа на deep-tech сигнали и развој на специјализирани алатки. На ниво на кадар, се организираат структуирани обуки за академскиот и неакадемскиот кадар, за интегрирање на deep-tech трендови, претприемништво и иновациско лидерство во наставата, истражувањата и проектните активности. 

На ниво на студенти, се реализираат активности за зајакнување на знаења за претприемништво и комерцијализација, како развој на стартап-концепти базирани на алатки за предвидување на идни технологиски сценарија, студенстки демо денови, акцелерациски програми и натпревари „Од наука до стартап“, во кои истражувачи и студенти учат како научните резултати да ги претворат во одржливи бизнис модели.

ВГ: УКИМ природно има силна стартна позиција да биде регионален лидер, поради големиот научен капацитет, широката палета студиски програми и бројот на истражувачки теми кои се обработуваат во студиските програми, спредено со другите универзитети во државата. Но потенцијалот сам по себе не е доволен – за да стане регионален deep tech лидер, УКИМ прави заложби поизразено да се движи кон претприемнички и иновативен универзитет, каде методологии како foresight и horizon scanning, стануваат дел од културата на одлучување.​

Тоа значи дека принципите на претприемништво и иновациско размислување треба да се интегрираат во наставните програми, како што веќе се прави на пример, на дел од курсевите во техничкиот кампус, каде студентите работат на развој на сопствени smart-производи и во различна фаза на развој, концепт или прототип, ги претставуваат на демо (pitching) сесии. Дополнително, научните истражувања освен со академски метрики, се поврзуваат со индустриски предизвици и deep-tech трендови. TECHSIGHT помага токму тука, преку јасно поставени индикатори и активности, што бараат вклученост на студенти и академски кадар во реални проекти, менторства и регионални deep-tech иницијативи.​

Оние што ќе успеат да го комбинираат своето постоечко знаење со систематско следење на технолошки трендови, изградба на иновациски структури (центри, лаборатории, акцелератори), како и активна соработка со индустријата и меѓународни партнери, имаат реален потенцијал да станат точки за deep-tech развој. TECHSIGHT нуди модел како тоа да се направи, преку воспоставување на  deep-tech иновациски дистрикти во партнерските региони, меѓу кои и во Скопје.

ВГ: УКИМ активно работи на поврзување на образовниот екоситем со останатите чинители во општествениот четворен хеликс, академијата, индустријата, владата и граѓанскиот сектор. Основната идеја на проектите од EIT HEI програмата на ЕУ, е да се работи активно на соработка помеѓу тие чинители. На пример, предуслов на TECHSIGHT проектот беше да има учесници од индустријата, а резултат на проектот треба да биде создавање на иновациски региони (дистрикти) во кои овие чинители ќе може да соработуваат и го го развиват иновацискиот екосистем. Подготвеноста за тоа се согледува и преку импресивната листа на организации кои формално дадоа поддршка на проектот, уште во процесот на апликација. Тоа покажува дека постои јасно изразена желба за соработка, и дека треба да се работи на креирање на различни околини и форми во кои таа соработка може да се реализира. 

Како први конкретни чекори во таа насока од аспект на TECHSIGT проектот, кај нас може да се сметаат неколку видливи примери. Еден е Startup Revolution AI Summit 2025, каде професори вклучени во TECHSIGHT се појавија со keynote презентации, а самото претставување на проектот го поврза универзитетот со стартапи, инвеститори и иновациски лидери од регионот. Втор пример е TECH-MECH 2025, саемот за пракса и вработување, каде компании (производствени, финансиски и консултантски) комуницираа директно со студенти, нудејќи пракси, почетни позиции и работилници. TECHSIGHT ја поддржа панел-дискусијата на саемот на тема „Идни компетенции за студентите“, каде алумни и индустриски претставници отворено зборуваа за тоа какви вештини им недостигаат и што очекуваат од универзитетите.​

Покрај тоа, TECHSIGHT се вклучи и во други активности, како: учеството на два македонски старапи во акцелераторската програма поддржана од проектот, поддршка на македонската државна делагација при посета на данскиот иновациски екосистем во Копенхаген, како и соработка со натпреварот „From science to startup“ на тема биоинформатика, каде експерти од проектот учествуваа, како ментори и членови на жири, заедно со ангел-инвеститори и претставници на претприемачки програми. Во другите земји партнери, се развиваат слични модели на соработка, а споделувањето на искуства  помага да се види конкретно, како може да изгледа функционалната врска меѓу академија, индустрија и јавни институции, како чинителите на еден поширок deep tech екосистем. 

ВГ: Потребно е сè од наведеното – и финансии, и талент, и инфраструктура, но првиот чекор е градење на ментален модел: да прифатиме дека сите можеме да научиме едни од други, ако соработката не остане само на ниво на протоколи, туку прерасне во соработка водена од желба да се напредува и да се градат системски решенија за поддршка, за развој на различни технолошко базирани екосистеми. Кога компаниите, универзитетите и институциите ќе влезат во заеднички проекти од кои сите нешто добиваат, тогаш финансирањето и инфраструктурата полесно ги следат процесите.​

Верувам дека преку таква соработка, може да се обезбеди основа за развој, не само на локалната индустрија, туку и на квалитетот и апликтивноста на високото образование. Постојат веќе добри примери на соработка меѓу поединечни факултети на УКИМ и локални компании – од заеднички лаборатории и примена на истражувања, до долгорочни програми за пракса. Предизвикот е овие примери да не бидат исклучоци, туку добри пракси кои треба да се побројни за градење на екосистем на соработка. 

ВГ: Работата на универзитетот е да не се ограничува на одреден број на трендови. Улогата на универзитетот е да гради капацитети, преку кадар, инфраструктура и меѓународни партнерства, за да може да даде реален придонес во различни индустрии и нови технологии, во зависност од тоа каде ќе се појави реална можност и соработка. Тогаш, како чинател во ексистемот ќе обезбеди валиден одговор на барањата од другите чинители (државата, компаниите). Во таа смисла, наша работа како Универзитет, е да се обидеме да созададеме капацитети. 

TECHSIGHT е фокусиран на deep-tech во поширока смисла, преку фокус на технологии со силна научна основа и долгорочен импакт: од напредни производствени технологии и дигитална фабрика, преку биоинформатика и интелигентни системи, до нови модели за иновациско управување и стратегиско предвидување. Преку horizon scanning и стратешки foresight, проектот им помага на институциите да ги идентификуваат токму оние трендови кои се најрелевантни за нивниот контекст – било да е тоа енергетска транзиција, зелена индустрија, здравство, интелигентна мобилност, дигитална трансформација. Наместо да „погаѓаме“ што ќе биде важно, учиме да градиме систем кој постојано ги следи и преведува глобалните трендови на локален јазик.​

Преку horizon scanning, проектот систематски ги следи сигналите за идни deep-tech трендови и ги преведува на јазик разбирлив за универзитетите – кој тренд каде би можел да биде применлив, какви компетенции бара, кои партнери се потребни.​

За Македонија, веројатно најрелевантни ќе бидат оние deep-tech области што се поврзани со постојните индустрии, како електро-машинска индустрија, производство на автомобилски компоненти, енергетика, ИКТ, но и нови сектори, како биоинформатика и зелени технологии. Но поентата не е однапред да ги затвориме опциите, туку да изградиме систем, каков што TECHSIGHT предлага, кој континуирано ќе ги следи и ќе реагира на глобалните трендови, така што универзитетите да бидат партнери, а не „набљудувачи“ на технолошкиот развој.​

ВГ: Мислам дека поправилна фраза би било, не да се влијае на намалување на одливот на таленти, туку на рамномерна флуктуација на таленти, луѓе кои се движат, учат и работат во различни земји, но остануваат поврзани со локалниот екосистем и се враќаат, било физички или преку проекти. 

TECHSIGHT придонесува во ова на неколку начини. Прво, преку развој на заеднички програми и курсеви меѓу партнерските универзитети, кои овозможуваат мобилност на студенти и академски кадар, но во рамка на структурирани програми, не како еднонасочно заминување, туку како дел од долгорочни академски и професионални врски. Второ, проектот создава локални deep-tech екосистеми во пет земји партнери, каде секоја земја има одредени поволности и недеостатоци, во спредба со другите земји. 

Македонија, на пример, во моментов има поволни трошоци и солиден базен на технички таленти, што може да ја направи атрактивна локација за одредени активности, истражување, развој, тестирање, пилот-проекти и доколку научиме да ги искористиме правилно, тие може да обезбедаат прилив на таленти, не само нивен одлив.​ 

Трето, TECHSIGHT обезбедува можности за комуникација, размена на идеи и искуства, како и поддршка на креирање на локалните екосистеми, со јасни насоки за можна соработка помеѓу нив. Преку развивање на локални deep-tech екосистеми во пет земји, проектот создава мрежа, каде талентите можат да се движат, но и да се враќаат – било како истражувачи, претприемачи или ментори. Ако дури и дел од овие можности се реализираат, ќе добиеме повеќе луѓе што свесно одбираат да останат поврзани со македонскиот екосистем, без разлика каде физички живеат и работат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Глупав
Глупав
5 months ago

Еволуцијата на ФИТР која требаше да се случи што порано, сепак одлично дека веќе некое време е тука.

Единствено би забележал дека треба да се одбегнува менталниот склоп како и честото наведување дека имаме поволни услови во вид на поволни трошоци; Не треба да рекламираме уште помалку да очекуваме економична работна сила, туку веќе еднаш треба да се свртиме кон фактот дека сме дел од Европа и дека нудиме квалитет, знаење, применетост на науката, како и тоа дека има одлични карактеристики нашиот Макдонски Народ особено младите во вид на трудољубивост, желба како и знаење за напредок, како и дилигенција, со тоа ќе докажеме зошто имаме дигнитет како и тоа дека ќе почнеме повеќе да го заслужуваме.