Македонскиот артист Михајло Димитриевски, попознат како Тхе Мичо, повторно работи на игра за карти. Овојпат ги црта картите за Valeria: Card Kingdom, во соработка со Исаијас Валејо и Daily Magic Production. Играта е поставена на Kickstarter, и можно е да биде втората реализирана игра со карти за која Тхе Мичо, кого најдобро го познаваме по Еднооки, ќе ги нацрта ликовите. Тој претходно работеше на играта со викинзи Shipwrights of the North Sea.
Играта во моментов има Kickstarter кампања со собрани 9.000 долари од потребните 14.000, кои најверојатно ќе бидат соберени бидејќи има уште дваесетина дена од кампањата. Покрај играта која ќе им биде достапна на подржувачите, во зависност од собраните финансиски се најавени нови проширувања на играта. На популарните сајтови за игри на табла како Boardgamegeek играта е одлично прифатена, па речиси без сомневање Valeria: Card Kingdom ќе биде нов успешен проект илустриран од Тхе Мичо. Според најавите Valeria ќе биде достапна во јануари 2016 година.
