Решението ASAP на македонскиот стартап Elevate Global е еден од победниците на инвестицискиот ден на глобалниот стартап центар Бетахаус во Берлин, Германија. Натпреварот се одржа во Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Решението насловено како Adaptive dataStream Analytics Platform (ASAP) е наменето за фабрики, енергетски компании и компании што нудат комуникациска инфраструктура. Во моментов, ова решение може да извлекува знаење преку брза анализа на сензорски, геолокациски и текстуални податоци. Технологијата обработува и анализира стримови на податоци. Потоа во реално време ги анализира податоците и аномалиите, и ако забележи проблем веднаш ги известува корисниците.
Elevate Global е спиноф компанија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Партнери на Бетапич за Македонија се Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев.
“Глобалниот Betapitch не е само да се биде на дел од светската старат сцена, туку да се презентира сработеното пред повеќе од 100 стартапи, 300 инвеститори, корпорации и професионалци од индустријата. Претставува добар почеток за отворање канцеларија на Елевате глобал во Берлин, кој во последно време е „главен град“ на стартапите во Европа“, вели Александар Стамболиев од „Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев“.
[…] две години стартапот беше еден од победниците на BEAPITCH Global & Investors Day на Бетахаус. Награденото решение на овој натпревар Adaptive dataStream […]