Македонскиот член на 9gag.com, Горјан, испрати писмо до сајтот во вид на стрипче со чудните меми фаци, во кое побара помош од заедницата да му помогне да победи на натпревар на Canon Macedonia.
<Надополнето> 9gag.com го тргна постот до Горјаn: „Ooooops! The post you’re looking for has been removed by Chuck Norris“.</надополнето>
Кога Горјан го објави писмото тој беше втор на листата по најмногу лајкови на неговата фотографија. Очигледно е според неговиот труд околу стрипот дека тој ја знаел моќта на заедницата на 9gag.com, која е позната по тоа што застануваат зад своите членови и се спремни да дадат поддршка. Во одбрана на еден свој член од Унгарија, таа заедница неодамна му објави војна на Nescafe и го принуди Nestle да даде донации за дом за хендикепираnи деца.
Сега, неколку дена покасно Горјан е убедливо прв на натпреварот со над 3.200 лајкови, наспротив 890-те лајкови на вториот на листата. Иако неколку коментари на неговиот пост на 9gag.com го критикуваат бидејќи ја искористува заедницата за свои цели, сепак на Facebook страната на Canon Macedonia можат да се сретнат коментари како „9gag army is back” или “Како што кажа! One for all, and all for 9gag”.

Искористување на секоја можна опција за да се дојде до посакуваното = WIN
Вие од типот како nekoj можете само да цмиздите.
Браво за Горјан за толку кратко време собрал доста лајкови па се надевам дека ќе ја добие наградата.
ktnxbai.
cist klosarizam! bez kreativna ideja! samo da se kopira nekoj!
Ooooops! The post you're looking for has been removed by Chuck Norris.