Македонската Sonder. гостува на EGX 2017

Не е никаквата тајна дека сме огромни фанови на Sonder. – епизодна игра од македонското студио КАМАi МЕДИА. Од 21 до 24 септември, илјадници гејмери од целиот свет ќе можат дополнително да се запознаат со играта преку десеттиот британски настан EGX. Имено, Sonder и уште седумнаесет други игри се дел од Leftfield колекцијата, добро познатата платформа за инди игри и проекти која е спонзорирана од издавачката куќа, SEGA.

За време на EGX 2017 сите заинтересирани посетители ќе може да го посетат соодветниот штанд и да го искусат почетокот на една од нај напнатите научно-фантастични авантури со интригантна приказна и комплексни гејмплеј механики. Sonder. се поставува рамо-до-рамо со останати инди кои ветуваат многу со нивната поразлична изведба која се поставува некаде помеѓу предизвикувачка и интересна, но никако здодевна.

Со години наназад, EGX 2017 го прикажува најдоброто од гејминг светот, без каква било дискриминација во поглед на избраната платформа за играње. Посетителите имаат можност да видат бројни презентации за нивните омилени и нај очекувани игри, како и лично да ги заиграат во некој од бројните штандови. Дополнително се охрабрува е-спортот, градење кариера како гејмер, учество во косплеј или пак безгрижна социјализација со истомисленици. Да се каже дека не им завидуваме на КАМАi МЕДИА би било лага од епски пропорции.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk