Македонската aпликација DroidPad го претвара вашиот Android во глувче за PC

Едноставната Android и PC апликација DroidPad може да го претвори вашиот мобилен телефон во маус пад и тастатура. Пример, ако имате неисправен маус пад на лаптоп тогаш едноставно стартувајте ја апликацијата. Откако ќе ја сименeте апликацијата од Google Play (претходно Android Market) симнете ја компонентата за PC од тука и внесете ја IP адресата на DroidPad за далечинско користење.

Апликацијата е дело на Сашо Стојановски од Битола (SourceBT), кој има развиено уште неколку интересни Android апликации, меѓу кои и BT Baby Phone мониторот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
12 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Благој
Благој
14 years ago

Здраво,
ја симнав апликацијата и морам да признам дека работи коректно.
Што се однесува до бројот на симнување апликации, морав да искоментирам.
Мислам дека не треба да се ограничувате според тој фактор, овај форум не е натпревар по популарност, туку треба да се вреднува техничкиот квалитет на апликацијата.
Секоја апликација таргетира различни групи на корисници, тоа е уствари и придобивката на Андроид. Си има апликација за секоја идеја, па секој си избира што уствари му треба. Овде треба да коментираме дали апликацијата технички е добра, дали правилно функционира, багови и сл.
поздрав

Миле
Миле
14 years ago

Гледам дека нонстоп промовирате апликации од наши програмери кои секоја нивна програма не е симнато повеќе од 1000 пати. Го подржувам се тоа во ред е за почеток и нека продолжат со својата работа, само се прашувам зашто никога не пишувате или објавувате за наши личности кои креирале програми кои се симнувани повеќе од 5М???

Како пример ќе го одвојам Борче кои веќе има неколку програми на маркет кои секоја од нив има симнувања повеќе од 5 милиони??? Пребарајте на маркет My Piano е една најдобро рангирана програма од ваков тип то таа категорија. Погледнете ги и другите па уверете се.

Ови се личности се кои треба да ги пишуваме и да ги издвојуваме но за жал кај нас дали… што не би сакал да мислам на тоа е завист или нешто друго не се прави тоа, туку напротив ќе промовираме и ќе пишуваме за некои кои колку што гледам нема повеќе од 500 симнувања.

Поздрав, и кога веќе истражувате истражувајте малку повеќе и подобро, мала забелешка.

IT.com.mk
Admin
14 years ago
Reply to  Миле

Без нервоза, завист и теории на заговор… :) Често, информациите (и линковите) за македонските апликации ги добиваме од читателите или друштвените мрежи и тогаш подистражиме и пишеме текст. Исто како што ти ни посочи за Борче, некако сме го пропуштиле бидејќи првпат слушам за апликацијата, иако е чудно бидејќи е симната милиони пати. :) Ветуваме дека ќе пратиме прашања до Борче за интервју.

Што се однесува до програмерите со апликации кои се симнати „само“ неколку стотина пати, поентата не е да им ги споредуваме бројките, туку да ги истакнеме, промовираме и посочиме кон другите за да може да инспирираат креирање на уште македонски апликации.

Поздрав Миле и благодариме на коментарот.

инф
инф
14 years ago

кај мене не траже ip адреси и неќе да се уклуче да работе :)

Сашо
Сашо
14 years ago
Reply to  инф

Здраво,

Апликацијата работи преку Wi-Fi локалната мрежа, користејќи UDP протокол. тоа значи дека компјутерот и телефонот треба да се на иста мрежа (ист subnet) за да се поврзат.

Доколку ова е случајот кај тебе, слободно пиши ми на емаил [email protected] да го решиме проблемот

Поздрав,
Сашо

Бојан
Бојан
14 years ago

Одлична идеја Сашо. За секоја пофалба. Дозволи само да ти дадам неколку забелешки:
– Тастатурата на мобилниот не ми ја собира цела, па треба постојано да скролам по неа лево десно. Мислам дека треба некој ауто-фит да пробаш или пак да ја третираш целата како слика, која може да се редимензионира.
– Никаде не ме праша дроид апликацијата на која ИП адреса се наоѓа компјутерот, единствено ме праша за шифра. Можеби би можел да овозможиш повеќе уреди (со повеќе ИП адреси) да се достапни преку дроид апликацијата, па горе да имаш копчиња РС1, РС2…Тоа би ми било исклучително корисно при работата со повеќе компјутери/сервери паралелно.

Сашо
Сашо
14 years ago
Reply to  Бојан

Здраво Бојан,

За тастатурата, во право си, и мене ме нервира, ке пробам да ја средам во наредната верзија. проблемот е што сакав да ја емулирам вистинската тастатура, а таа е преголема (барем за телефоните што ми се мене на располагање за тестирање). Или ке треба да се копчињата мали, или пак да има помал број на копчиња.

Во врска со IP адреса, би требало да работи со повеќе компјутери. пример, ако на истата мрежа имаме 2 компјутери на кои е активиран серверот, со различна лозинка, тогаш, ако на телефонот само ја промениме лозинката, автоматски ќе го промениме и компјутерот кој го контролираме. Исто, ако имаме 2 PC-а, и 2 телефони, тогаш со 2 различни лозинки би се контролирале двата компјутери. Колку за тест, ако на 2 телефони ја впишеме истата лозинка, тогаш компјутерот ке можеме да го контролираме и од двата телефони во исто време.

Бојан
Бојан
14 years ago
Reply to  Сашо

Одлично за подршката на повеќе компјутери/сервери, но зошто тоа да не го направите со копчиња, а лозинките некаде да бидат претходно дефинирани. Така на пример дур лежам на тросед и гледам филм од компјутер, ќе можам да променам филм, а истовремено и да пратам меил на лаптоп…Чисто како надградба во иднина. За тастатурата, мораш да ја направиш помала. И уште една забелешка, немаш опција за промена на влезен јазик. Комбинацијата од alt+shift (левите) не работи. Ти предлагам некаде да сместиш и копче за промена на јазик која би испратила команда до серверот дека настанала промена. Со среќа, и се надевам ќе не израдуваш со уште многу вакви корисни мобилни апликации.

guest
guest
14 years ago

Дали некогаш ќе се научиме да пишуваме на македонски? – "покварен" ?????

IT.com.mk
Admin
14 years ago
Reply to  guest

Ќе се научиме, благодарение на забелешките. :) Фала гостину!

Илија
Илија
14 years ago

Шо е финтава со црнецов што се поздравува со баткиве ? мислам на линкот што се крие под "интересни Android апликации"

trickster
trickster
14 years ago

Одличен почеток Сашо. Не би било лошо да додадеш уште неколку модулчиња барем приближно како Unified Remote….