Македонија е на второ место во светот по бројот на фриленсери по жител

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести, ИТ.МК

На секои 1000 жители во Македонија ќе пронајдете 3,41 фриленсер. Во оваа статистика Македонија заостанува единствено зад Србија која има 3,52 фриленсери на 1000 жители.

Останатите држави на листата не се ниту блиску до Србија и Македонија, на трето место е Јамајка со 2,43 фриленсери на 1000 жители. Се чини дека интересот за фриленсинг во регионот е значителен, па во топ 10 во оваа категорија се и Црна Гора со 1,58 фриленсер на 1000 жители и Босна и Херцеговина со 1,55 фриленсер на 1000 жители.

Во апсолутни бројки Македонија има 7 155 регистрирани фриленсери и 1 583 активни фриленсери. По оваа бројка Македонија e на 38-то место во оваа статистика, иако има нешто повеќе од 2 милиони жители. Веројатно очекуванo, први на оваa листа се Соединетите Американски Држави со 558 965 фриленсери. По САД, следат Индија, Филипини, Пакистан, Бангладеш и Обединетото Кралство.

Што се однесува до индустриите за кои постои најмногу интерес, воопшто нема изненадувања. На прво место е развој и креирање на веб, мобилни и софтверски решенија; на второ се дизајн и креативна индустрија; па следи пишувањето, административната поддршка, преведување, продажба и маркетинг…

Еве како изгледаат дел од најинтересните области по број на фриленсери за македонските корисници. Се чини дека барем кога застапеноста по различни индустрии е во прашање, македонските фриленсери се позаинтересирани за дизајн, отколку за програмирање.

  • Развој на веб – 988
  • Data Entry – 1 157
  • Графички дизајн – 1 332
  • Пишување на содржина и блог – 757
  • Развој на веб и мобилни решенија– 715
  • Дизајнирање на лого и брендирање – 1 290
  • Креативно пишување – 663
  • Веб истражување – 1 016
  • Останато, дизајн и креативни услуги – 971
  • Останато, развој на софтверски решенија – 449

Податоците за бројот на фриленсери ги објави Analytics Help, врз база на јавно достапни податоци.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk