0 коментари 2 мин. читање 20 јули, 2011

Mac OS X Lion достапен за симнување од Mac App Store

Лавот, новата верзија на Mаc oперативниот систем, е достапен за симнување од Мac продавницата за апликации за сите Apple-ови корисници. Mac OS X Lion чини 30 долари, а доколку имате постара верзија на Mac OS ќе треба да го надградите во 10.6 за да може да се инсталира.

Претставен од Apple како „OS X се спојува со iOS”, новиот Lion ја претставува и новaта LaunchPad апликација за брзо и лесно стартување апликации, и овозможува апликациите да можат да се прегледуваат на цел екран и да можат да се менуваат со движење со три прсти. Lion ги претставува и движењата со повеќе прсти кои си носат повеќе функции и поинаков начин на контролирање на интерфејсот.

Новина во Lion е и Mission Control интерфејсот кој ги собира сите апликации, Dashboard, Exposé и Spaces во еден екран за преглед на целиот систем и за лесно префрлување меѓу апликациите. Лавот го има Mac App Store интегрирано, Resume опцијата за продолжување на работата со апликациите, Auto Save, новата Versions опција за преглед на историјата на документите и уште 250 мали промени и подобрувања…

Доколку ве интересира подетална рецензија на Lion, Ars Technica има огромна и одлична рецензија за сите детали.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top