Луди инжинери се обидоа да летаат со дрон

во Свет

Квадкоптерите наоѓаат куп нови различни примени- од достава на пратки, што е следното големо нешто за Amazon и другите големи продавници; до фотографии од воздух за медиумите; до набљудување на протести за властите; па се до обидите на Microsoft да помогне во борбата со маларијата така што дрон ќе доставува лекови.

Сепак ретко кој се осмели да се качи на вакво летало и да лета. Торстин Кријс е еден од пионерите кој сака квадкоптерите да се користат за транспорт на луѓе. Данскиот софтвер инжинер успеа 10-20 секунди да се одржи во воздух со леталото и иако овие неколку секунди не изгледаат преимпресивно, сепак покажуваат дека со летало со ваков облик во иднина би можеле да се пренесуваат и патници. Претходно ова му успеа и на германецот Томас Сенкл. Не треба да се заборават и браќата Врајт кои во 1903-та го направија првиот лет кој траеше исто така само 10-тина секунди.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments