2 коментари 2 мин. читање 5 декември, 2016

Loyal Green и urban lab 1, победници на Скопски автобуски хакатон

По 24 часа развој и многу повеќе време минато во менторски сесии, заврши хакатонот организиран од ЈСП и Фондот за иновации и технолошки развој. Пет тимови го претставија своето решение за популаризација на линиите, а три за дизајнот на автобуската станица.

Победници се тимот Loyal Green за популаризација на линиите, и urban lab 1 за автобуската станица. На натреварот имаше сè: од микроменаџирање на празните места, до гемификација и статистички распределби; од статичко, до динамичко распределување на патниците.

img_20161204_101818_hdr

Решението на победникот Loyal Green предвидува наградување на патниците кои нема да се качат во преполните автобуси. Ова секако подразбира дека патникот има време за чекање. Мобилната апликација му овозможува да погледа колку време е до најблиските автобуси и колку поени му носат. Колку повеќе празни места толку повеќе поени. Овие поени понатаму би можеле да се потрошат на попусти и на автобуски билети. Освен автобуски превоз во решението е интегрирана и Social Car, па патниците можат да патуваат и со автомобили.

Тимот на urban lab 1 е добитник на наградата за најдобар дизајн. Нивната автобуска станица ќе биде поставена на „Рекорд“ и најверојатно ќе биде соодветен показател за концептот.

img_20161204_120034_hdr

Освен Фондот за иновации и технолошки развој, „Скопски автобуски хакатон“ е организиран во партнерство со: Град Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), ФИНКИ од Скопје, Техничкиот факултет од Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top