Обновено: Британија го донесе најконтраверзниот закон за следење досега

Обновено: 4.декември во 23.15 ч.

Кралското семејство го одобри контроверзниот закон за прислушување. Со ова сите методи за кои зборуваше Едвард Сноуден сега се легални во Британија. „Ова е најекстремното нагледување на граѓаните во историјата на западната цивилизација.“, вели г. Сноуден.

Со потврдата од кралското семејство, законот и официјално стапува на сила. Ова ќе им овозможи на властите и агенциите во Велика Британија, можност за глобално прислушување. Агенциите ќе можат да хакираат: граѓани, инфраструктура, па дури и градови. Дополнително сите интернет провајдерите ќе мораат да ја чуваат историјата на своите корисници.


Историите на прегледување на различни веб сајтови треба да бидат зачувани и тоа хронолошки за секој корисник. Ова е една од последиците на новиот закон кој овозможува сериозно нарушување на приватноста и можност за зголемување на ингеренциите на тајните и владините служби во Британија.

Ако ова не е доволно нарушување на приватноста, агенциите за контраразузнавање имаат право да хакираат компјутери и уреди на жителите, јави ZDNet. Податоците на дел од професиите како новинари и лекари ќе бидат подобро заштитени од останатите.

Според новиот закон, интернет провајдерите во Велика Британија ќе треба да ги регистрираат и запишуваат, сите посети на различни веб локации за секој корисник. Регистрирањето треба да се прави во реално време, а овие податоци треба да им бидат лесно достапни на повеќе владини агенции. Дополнително, компаниите треба да ги декриптираат податоците на барање на агенциите. Изгледа неверојатно дека ова ќе може да се спроведе со оглед на тоа дека сервисите за текст разговори вообичаено се надвор од Британија. Дополнително тие и претходно објавија дека нивните вработени никако не можат да дојдат до овие податоци.

„Ова е најекстремниот закон за следење донесен во демократија досега.“, вели Џим Килок од Open Rights.

Единствената заштита за жителите на Британија е можноста Државниот секретар и независно судско тело да не се согласат да дозволат мерки за набљудување. За жал, противниците на законот не го претворија своето незадоволство во амандмани со кои ќе влијаат на законот. Законот е критикуван и од претставниците на Обединетите нации и дел од компаниите од Силициумската долина.

Вообичаено со ваквата пракса за следење, луѓето кои го носат законот велат дека опонентите претеруваат. Законот ќе стапи во сила за неколку недели откако ќе биде ратификуван од кралското семејство.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Велика Британија донесе контроверзен закон со кој е овозможен пристап до податоците на секој […]