Доколку уживате во интерактивни филмови, или FMV, тогаш не би требало да го заобиколите Love Too Easily 2: Summer Pocha, „игра“ која релативно успешно го комбинира жанрот на симулација за запознавање со елементи на менаџмент.

Некој ни една, а некој пет
Во Love Too Easily 2: Summer Pocha вие се наоѓате во исклучително тешка животна ситуација. Имено, откако преживувате сообраќајна несреќа, станувате жртва на финансиска измама од страна на близок пријател. Несреќниве околности ве водат кон преземање на задолжен уличен штанд за храна и пијалаци, познат како „поча“ во корејската култура. За брзо време ќе забележите дека она што мислевте дека е очајнички обид за финансиско закрепнување всушност се претвора во комплексна романтична драма. Опкружени со пет различни женски ликови ќе се најдете во една магловите ноќ и со тешка одлука со кого од нив да споделите, ахем, интимен момент на наздравување. Можеби и не ви е толку тешко.

Приказната во Love Too Easily 2: Summer Pocha е длабоко поврзана со интеракцијата со петте хероини, од кои секоја носи специфичен архетип и динамика во приказната. Тука е Чои Сол, енергичната и симпатична хонорарна работничка, како и Ана, елегантна писателка која, зад нејзината професионална надворешност, крие посебна страст кон алкохолот. Приказната дополнително се комплицира со присуството на Саранг – носталгичната и невина прва љубов, а, за да работите бидат уште поинтересни, на сцена доаѓа и Гаин, позната стримерка со екстровертен и карактер. За крај ја имате и Нана, вокалист во инди бенд – олицетворение на „кул“ и независна личност (ќе видите зошто доколку ја проверите играта). Актерската екипа, составена од Ли Хиру, Шин Џивон, Јанг Сеул, О Јеонха и Еун Даха, обезбедува убедливи перформанси кои се клучни за овој жанр, бидејќи емоционалната приврзаност, нешто што целосно зависи од веродостојноста на видео сегментите.

Покрај стандардните дијалошки избори кои ја насочуваат приказната, морате да менаџира со три клучни статистики: акција, емпатија и интелигенција. Успехот во одредени ситуации и можноста за продлабочување на односите директно зависат од овие параметри. Дополнително, имате и економски аспект на водењето на поча, каде треба да го направите местото популарно за да заработи средства. Средствата подоцна се користат за купување подароци. Имено, заработка и дарување е суштинско за отклучување на повисоки нивоа на наклонетост кај девојките и пристап до специфични сцени кои инаку би останале скриени.

Техничкиот аспект на играта е на солидно ниво, со јасна кинематографија која успешно ја доловува атмосферата на летните ноќи во урбана средина, но, мора да потенцираме дека голем дел од снимките можеле да бидат во повисок квалитет. Основната премиса, пак, може да делува едноставна и хумористична, но играта изненадува со својата способност да навлезе во посериозни теми и емотивни моменти. Иако играта не е премногу долга, ќе се изненадите од тоа што имате на располагање 21 различен крај, охрабрувајќи ве да истражувате различни патишта и одлуки како би можеле да ја видите целосната слика.

Love Too Easily 2: Summer Pocha претставува солидно остварување во жанрот на FMV симулациите, нудејќи балансиран спој на романса, хумор и драма. Кратката, неколку часовна должина може да благо да ве разочара, но тоа што го има е одмерено и со квалитетна продукцијата, како и впечатлив шарм. За љубителите на корејската поп култура и интерактивните драми, ова е наслов кој нуди забавно и на моменти неочекувано трогателно искуство. Се надеваме дека ќе најдете време да видите на кој начин се менаџира една поча и се гледа како изборите ја обликуваат крајната судбина на протагонистот. Со преслатки актери, квалитетна глума и солидна приказна, шансите се дека ќе ви се допадне авантурата која ќе ја откриете тука!








