{mosimage}Nearbytweets.com е нов старт-ап сервис кој дава опција да ги најдете сите луѓе кои твитаат во вашиот град, во потесната или пошироката околина. Исто така има опција за барање на твитови на одредена тема кои се случуваат околу вас. Сервисот само што се извлече од бета фазата која беше објавена на 20 Јануари оваа година.
Знам дека често пишуваме за Twitter и можеби сме досадни за сервис кој има само 6 милиони корисници низ светот за разлика од другите, пример: Facebook кој има околу 170 милиони! Но Twitter e сервис кој најде практична корист за разлика од друштвените мрежи кои се користат за поврзување.
Новите старт-апи, сервиси и идеи сега се сконцентрирани како да го искористат сервисот за микро-блогирање, а Nearbytweets.com е изграден на две моментално атрактивни нешта онлајн – локација и друштвена мрежа. Најинтересното нешто што го нуди овој сервис е што не мора да пратите луѓе туку барате твитови по клучен збор.
{mosimage}
Како функционира Nearbytweets
- Пример 1: Вие сте нови на Twitter, бројот на „followers“ и „following“ е 0. Сакате да најдете луѓе што ги познавате, кои се блиску до вас со кои можете да најдете слична тема за разговор. Го бирате вашиот град или темата и ги откривате сите кои користат Twitter околу вас.
- Пример 2: Сакате да организирате журка во градот, сакате да искористите нови алатки за промоција, во нашиов случај Twitter, па ги лоцирате сите луѓе во Скопје или некој друг град кои користат Twitter, ги спамирате (тоа е лошата страна на сервисот) и имате промоција.
{mosimage}
- Пример 3: Во блиска иднина можеби рестораните и пицериите ќе го користат Twitter за промоција на производите, менијата, што е специјалитет на денот. Доколку често патувате ја одбирате локацијата, го одбирате клучниот збор, пример: пица и ја одбирате локацијата.
- Пример 4: Вие сте популарна личност, имате концерт на журката која ја организира пример 2 и сакате да ги чуете коментарите за вашиот настап. Одберете ја локацијата, клучниот збор и читајте што се пишува за вас.
Се разбира постојат многу сервиси кои ќе ги овозможат слични опции, но овој сервис е премногу едноставен за користење што е добра работа, но како што споменав приватноста е проблем.






